Краток тест: Колку сте музикални?

Седите пред телевизорот и гледате X-Factor или некое слично музичко шоу и коментирате дека одреден натпреварувач најдобро испеал. Но, не сите од оние со кои гледате се согласуваат со вашиот став. Секако, проблемот можеби е во тоа што тие се помалку музикални. Или можеби сте вие?

Сеедно дали сте самопрогласен музички експерт или пак сте решени да си ја пробате среќата на некоја од сличните аудиции, паметно е да ги проверите своите музички способности, а пред се, вашата музикалност.

Следниов онлајн тест ќе ви помогне во тоа. За разлика од другите тестови, кои се далеку потешки и потемелни, овој е фокусиран токму на вашата способност да разликувате тонови по висината. А поедноставен не може да биде – слушате неколку ноти и одговарате на прашања од типот „Дали овие два тона се исти?“.

tonedeaf

Инаку, луѓето со нарушена способност за разликување на висината на тоновите се прилично ретки – од првите 1000 луѓе што го пробале тестов, само 6 се оценети како немузикални.

А сега, повелете на tonedeaftest.com за да дознаете дали сте во право кога го убедувате друштвото дека токму вашиот фаворит е најдобриот натпреварувач.

- Реклама -