Овој прекрасен краток филм на Нина Палеј веројатно е најавтентичната анимација што некогаш сме ја виделе.
This Land Is Mine („Оваа земја е моја”) е брутална реалност што може да биде разбрана од секое човечко суштество, без разлика каков е неговиот етнос или религија.
Филмот не покажува со прст, не обвинува и претендира потрага за решенија за комплексни геополитички политики. Тој го покажува целиот апсурд на милениумскиот конфликт на Блискиот Исток и тоа на еден убав и убиствено ефективен начин што нема да ве остави рамнодушни. Повеќе за филмот можете да прочитате тука .
Погледнете го целиот во продолжение: