ОакОак е уличен артист од Сент Етиен, Франција. Секојдневно, пешачи долги релации низ градот, па така и ги наоѓа ситните несовршености и пукнатини на улиците на градот. Неговата хумористична „шминка“ внесува нов живот во заборавените ќошиња.
„Главната цел ми е да им дадам важност на местата и објектите што луѓето не ги забележуваат повеќе. Пешачам долго секој ден и така наоѓам нови привлечни места со урбани елементи, како распукани ѕидови, на пример. Кога ќе видам нешто интересно, го мерам и го проучувам, а подоцна се враќам за да ја насликам мојата идеја. Преферирам да ги подготвувам цртежите и шаблоните дома“.
Нема дилема, ОакОак ќе направи да го запрете чекорот и да растегнете една кратка, ама слатка насмевка.