Кратка приказна: Навреди и фалба

Еден искушеник дошол до големо свештено лице и го прашал  да го посоветува како најдобро ќе го задоволи Бог.

–  Пријди до гробиштата и навреди ги мртвите, му рекол тој.

Младиот направил како што му било кажано. Следниот ден се вратил.

– Дали ти одговорија? – го прашал отецот.

– Не, ништо.

– Тогаш оди и пофали ги.

Искушеникот послушал. Истото попладне се вратил и повторно бил прашан дали добил одговор.

– Не, рекол младиот човек.

– За да бидеш поблиску до Бог, однесувај се како нив. – Не обрнувај внимание на навредите на луѓето, но ниту на нивните пофалби. Така ќе го создадеш својот пат.

- Реклама -