Кратерите на Марс се именуваат по нечии мајки

Една компанија има понуда  да ги именува кратерите на Марс по имињата на мајките.Компанијата Uwingu која собира средства за вселенски потфати, нуди специјален подарок за Денот на мајката, кој во САД се одбележува на 11 мај, пишува Space.com.

Подарокот вклучува сертификат за корисниците кои ќе крстат кратер на  Марс по својата мајка. Имињата ќе бидат складирани и испратени на Црвената планета со приватната мисија Mars One, која има намера да се создаде прва колонија таму.

„Мисијата ни е да собереме средства за вселенски истражувања,  за потоа заедно да го  зголемиме интересот за истражувањето на вселената”, вели Ален Стерн, основач и извршен директор на Uwingu, кој е поранешен директор на научните програми и мисии во Националната вселенска агенција на САД ( NASA).

Uwingu го стартуваше  проектот за именување на  кратерите на Марс  во февруари 2013 година и оттогаш луѓето  од целиот свет им дале имиња на речиси 10 000 кратери. Проектот не е признат од Меѓународниот астрономски сојуз, кој е одговорен за именувањето на вселенските објекти, но тоа не ги менува намерите на Uwingu. Компанијата се надева дека ќе создаде „карта на Марс “, каде што секој може да го каже своето мислење.

Имено, најмалите кратери чини 5 долари, а со зголемувањето  на големината се зголемува и цената. Ако луѓето му дадат име на секој кратер на Марс, Uwingu би собрала повеќе од 10 милиони долари за фондот, кој финансира реализацијата на научни проекти, вклучувајќи ги  „Астрономи без граници” и „Mars One“.

- Реклама -