Нека се јави некој кој не обожава компири – пржени, печени, варени…Во било која варијанта.
За сите фанатаци на компирите еве еден рецепт за кој ќе ви биде потребно малку повеќе време и труд од класичниот помфрит, но резултатот ќе ве воодушеви.
Состојки: 8 компири, 2 жолчки, 1 лажичка чили, 1 лажичка ким, 1 лажица мелен црвен пипер, 1 лажичка сол, растително масло, може и свинска маст, прстофат оригано и мајчина душица
Подготовка: Загрејте ја рерната на 220 степени. Компирите излупете ги, измијте ги и исечете ги на тенки парчиња со еднаква димензија (поубаво е да бидат со иста димензија). Во поголем сад сматете ги жолчките. Во друг сад измешајте ги сите зачини. Компирите ставете ги во сматените жолчки и добро измешајте. Додајте ја мешавината од зачини и повторно измешајте. Врз хартија за печење ставена на плех налеваме тенок слој масло. Ги ставаме компирите и печеме 40 минути на 220 степени. На секои 5 до 7 минути ги мешаме компирите, а по желба додека се печат одозгора ги полеваме со масло.
Добар апетит!