Андре (Леон Мари Николас) Риу е холандски виолинист и во моментов еден од најпопуларните светски диригенти, викан уште и „Кралот на валцерот“. Со неговиот валц оркестар од 60 членови – „Јохан Штраус“, тој ја внесе класичната музика и валцерите во мејнстрим сферата, а на своите светски турнеи настапуваат и пред публика на чија бројност и најпознатите светски диџеи можат да позавидат.
На 6 јуни годинава, благодарение на „Пасворд Продакшн“, задоволството да го гледа и слуша Риу и неговиот оркестар ќе го има и македонската публика, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
По тој повод, Риу испрати специјален поздрав до „Македонија“ (баш така ја кажува), и тоа со „Македонско девојче“ во негов аранжман.
Слушајте и уживајте, а во меѓувреме, проверете му ја и официјалната Фејсбук страна: