Кралот на Јордан турка автомобил блокиран во снегот (видео)

Јорданскиот крал Абдула Втори даде пример за кралското благородништво, заземајќи се со задача за обичните смртници –  да турка  автомобил на свој поданик, блокиран во снегот. Направено од случаен минувач, видеото на оваа сцена ја обиколи мрежата. Додека Блискиот Исток се соочува во моментов со силата на најсилните снежни бури, со кои регионот се сретнува по една деценија, секој во Јордан подава рака за помош за враќање на ситуацијата во нормала. Секој, дури и самиот крал Абдула Втори.

1fd42b0dde26db11af9f0014c2589dfb

На  видеото во главниот град Аман, може да се види како владетелот лично им помага на група мажи, чија кола е затрупана во снегот. Јорданскиот крал бил на прошетка  низ градот, за да го следи напредокот на чистењето на улиците, кога налетал на овој возач и неговиот автомобил , заробен во стапицата на дебелата снежна покривка. Тој слегол од автомобилот, за да им помогне на  граѓаните. Следејќи го примерот, десетина луѓе се собираат околу автомобилот и по неколку минути тој успева да појде поради задружните напори.

Бурата Алекса покри голем дел од Блискиот Исток со дебела снежна покривка. Во Јордан авиокомпаниите беа принудени да откажат летови, а за расчистување на блокираните патишта има потреба од  мобилизирање на  армијата. Во Турција, каде што се наоѓаат околу 200 000 сириски бегалци во кампови, распоредени по границата, властите поделија дополнителна постелнина  и зимска облека. Снегот достигна и до Израел, каде што армијата  спасуваше   стотици луѓе  блокирани во своите автомобили на автопатите, блиску до Ерусалим.

- Реклама -