Кралот мачка

mache-kral

Анимацијата “Кралот Лав” на Волт Дизни е класична приказна која никогаш не е досадна, но кога цртаните ликови ќе ги замените со реални мачки, сигурно добивате исклучителен ефект.

Доказ за тоа е ова видео во кое на позадината на нарација од деца, неколку мачиња се обидуваат да влезат во улогите на ликовите од “Кралот Лав”. Како резултат се добиваат прилично забавни кадри – на пример, актерот во улога на Муфаса изгледа прилично збунето додека Симба и Нала воопшто не сфаќаат дека се на романтична средба. Златна малина за лоша глума.

- Реклама -