Кралицата си има спремено говор за евентуална Трета светска војна

Во време кога, меѓу другото, Северна Кореја редовно тестира оружје за масовно уништување (како хидрогенски бомби и балистички проектили над Јапонија), многумина со право стравуваат од можните последици.

Ама без гајле, дури и да почне Трета светска војна, кралицата Елизабета си има спремено говор. Си го има спремено уште од 1983 година, за време на Студената војна. Откриен беше во 2013-та во Националните архиви, а потоа и пренесен од BBC.

Се разбира, одредени аспекти од говорот се застарени, но експертите по протокол се согласни дека дефинитивно би послужил како основа за обраќање на кралицата кон јавноста во една таква хаотична ситуација, бидејќи пред сé се работи за „отрезнувачки“ текст.

Првично пишуван за евентуално емитување во петок попладне на 4-ти март во 1983-та, почнува со тоа што кралицата се присетува на тагата која ја почувствувала кога почнала Втората светска војна.

„Сега ова лудило на војната повторно се шири низ светот и нашата храбра земја мора уште еднаш да се подготви за преживување, наспроти сите потешкотии пред нас. Никогаш не ја заборавив тагата и гордоста што јас и мојата сестра ја чувствувавме кога го слушавме нашиот татко и неговите инспиративни зборови на оној кобен ден во 1939-та.

Прочитајте и:  Украина првпат ја нападна Русија со американски ракети ATACMS - погодено складиште во Карачев, во Брјанскиот регион

Ниту на момент не можев да замислам дека и мене еден ден ќе ми припадне таа страшна должност. Меѓутоа, какви и ужаси да се наоѓаат пред нас, сите доблести кои ни помогнаа да ја одржиме својата слобода веќе два пати во овој век, уште еднаш ќе бидат нашата сила. Мојот сопруг и јас го делиме со вас стравот за вашите ќерки и синови, сопрузи и браќа кои ќе нé напуштат за да ѝ служат на нашата земја.

Токму силната семејна врска мора да биде најголемата одбрана од непознатото. Ако ние останеме обединети и одлучни, давајќи им засолниште на оние кои се сами и незаштитени, волјата на нашата земја да преживее нема да биде срушена.

И додека заедно се бориме против новото зло, да се помолиме за нашата земја и луѓето со добра волја, каде и да се. Нека Бог ве благослови сите вас“.

- Реклама -