Денеска готвиме посна сарма.
Состојки:
4 главици кромид со средна големина
2 стапчиња праз
5 средни моркови
Малку магдонос
4 чешниња лук
500g ориз
1 компир
2 главици кисела зелка
Брашно
Вегета
Црвен пипер
Сол и бибер
Подготовка:
Во поголем сад ставете масло со дебелина од 1 прст. На маслото пропржете го кромидот со празот.
Оризот потопете го во вода.
Лукот ситно исечкајте го, морковот, целерот и магдоносот крупно изрендајте ги и додадете ги сите зеленчуци во пропржениот кромид и праз.
Потоа додајте го процедениот ориз и динстајте 10тина минути.
Тргнете ја мешавината од рингла и зачинете, па додадете го изренданиот компир и 1 рамна лажица брашно.
Одвојте ги листовите од зелка и започнете да ги мотате сармите.
Прелијте ги со вода, покријте ги со неколку цели листови зелка и печете.
Најдобро е да ги печете во земјен сад кој ќе го покриете со фолија. Оставете ги сармите 4 часа на 150 степени.