Мадона и Мајли Сајрус ги здружија силите, но пред тоа одвоија време за- изплазување на јазикот.
Кралицата на поп-музиката го вежбала својот нов дует со Мајли Сајрус за MTV Unplugged show, а се чини дека Мадона паднала под влијание и научила нешто ново од младата пејачка.
55-годишната пејачка објавила на својот Инстаграм профил слика на која и двете го извадиле јазикот надвор. ‘Don’t ever Tell us We Can’t STOP! #revolutionoflove’, напишала кралицата на поп-музиката во описот на сликата.
Пораката е комбинација со насловот на песните- на Мадона ‘Don’t Tell Me’ и на Мајли Сајрус ‘We Can’t Stop’.
„Перформансот ќе ја покаже интимната страна на Мајли и ќе присуствува гостин на изненадување, а мајли ќе ја потсети публиката на некои стари песни кои ја одбележаа нејзината кариера, вклучувајќи ги и оние од нејзиниот успешен албум ‘Bangerz’, изјавиле од MTV.
Ова е нивна прва соработка, а зад себе Мадона веќе има соработувано и со Бритни Спирс и Кристина Агилера.