Наградите Brit Awards се одржаа минатата ноќ во Лондон, и би биле здодевни доколку не беше Мадона и нејзиниот финален настап.
Славната поп кралица бомбастично го најавува своето враќање на светската сцена, но ова не можела да го предвиди. Неуморната Мадона одржа настап на фналето на Brit Awards во Лондон, но наметката беше кобна.
56-годишната поп дива беше лесно шокирана по падот, но како вистински професионалец стана, го исправи својот костум и продолжила со долго планираниот настап. И публиката била изненадена, но не можела да изреагира како оние на Интернет кои веќе неколку минути по падот ја раширија приказната за падот на Мадона и со потсмев заклучиле дека дивата е „престара за вакво нешто“.
„Мојата прекрасна Армани наметка беше врзана премногу цврсто. Но ништо не може да не запре!“, порачала Мадона преку Твитер.
Светските медиуми прилично брутално и со потсмев го пренесоа настапот на поп ѕвездата која е позната по своите екстравагантни настапи и екстреми.
Дали треба да покажуваме со прст и да се смееме на срамот? Ние мислиме дека не- ако ништо друго, Мадона покажа дека кога ќе паднеш секогаш можеш високо да ја дигнеш главата и да станеш.
Како што и самата вели „Љубовта повторно ќе ме подигне!“.