Британската кралица Елизабета и принцезата Кејт, денес се возеа во метро во чест на 150 годишнината од лондонската подземна железница. Ова е дури трето заедничко појавување на кралицата и сопругата на принцот Вилијам, а возењето започна од станицата на Бејкеровата улица во која според книгите живее Шерлок Холмс. Принцезата доби и поклон, беџ на кој пишува „Baby on the Board“, за кој на Кејт се пошегувала дека ќе го носи и дома.