Крај на на епидемијата на ебола во Западна Африка

Светската здравствена организација (СЗО) објави крај на епидемијата на ебола во Западна Африка.

ebola

Крајот на епидемијата на ебола е прогласен по 42 дена од последниот случај во Либерија.

Во Сиреа Леоне беше прогласен крај на епидемијата на ебола на 7. ноември, а во Гвинеја на 29 декември.

Повеќе од 11.300 луѓе починаа по избивање на епидемијата на ебола во декември 2013 година, а 28.500 беа инфицирани.

Но, експертите на СЗО предупредуваат дека се уште постои опасност од епидемија на хеморагична треска, чиј вирус може да биде активен и до 12 месеци во спермата на маж кој ја прележал болеста./МИА

- Реклама -