Крај на едно исклучително пријателство: Мајмунката Коко жали по Робин Вилијамс

Коко е тренирана горила и има неверојатна способност да разбира кога и зборуваат, но и да зборува со луѓето, преку американскиот знаковен јазик. Знае да склопува едноставни реченици и да ги изрази своите желби, ставови и емоции. Во 2001-та, Коко имаше можност да го запознае Робин Вилијамс, а видеото од средбата сведочи за тоа колку добро се забавуваа и едниот и другиот. Во 2004-тата, заедно снимија јавно соопштение, за потребите на The Gorilla Foundation.

Еве дел од нивниот натпревар во скокоткање:

Сега, кога веста за смртта на Робин Вилијамс одекна во јавноста, имаме уште една можност да се увериме во тоа колку исклучителна е сензитивноста на животните. Овие фотографии од ужалената мајмунка ја сведочат нејзината реакција кога и било соопштено дека изгубила пријател.

Имено, веднаш по трагичната вест, телефонот во The Gorilla Foundation започнал упорно да ѕвони. По првиот повик, мајмунката Коко се приближила до Д-р. Патерсон со прашален изглед на лицето. Кога и била објаснета ситуацијата „изгубивме добар пријател, Робин Вилијамс“, Коко го сменила изразот и останала тивка и длабоко замислена. Половина час подоцна, Коко и сигнализирала на докторката „CRY LIP“, со што всушност соопштува дека плаче или дека и се плаче. До крајот на денот, мајмунката останала во мрачно расположение, со наведната глава и треперлива усна.

koko-robin-williams-1[1]

koko-robin-williams-2-650x658[1]

Средбата на Робин и Коко е неверојатен пример за тоа како луѓето и горилите можат да ги пробијат границите меѓу нив и да демонстрираат исклучителна мера на емпатија. „Способноста на Робин да се дружи со Коко, горила, и за неколку минути да и стане еден од најблиските пријатели, беше незаборавно и неверојатно искуство за Коко“.

Робин, покрај тоа што ќе остане запаметен како еден од најсаканите забавувачи за публиката, ќе остане да важи за еден од најголемите светски амбасадори и поборници за заштита на големите мајмуни.

- Реклама -