Во извештајот „World population prospects” на Обединетите нации се проценува дека до крајот на 21-ви век на Земјата ќе живеат 11.2 милијарди луѓе.
До 1950 година, планетава ја населувале околу 2.5 милијарди, а денес тој број е поголем од 7.5 милијарди. За 13 години ќе не има 8.5 милијарди, а до 2050-та година дури 9.8 милијарди.
Во извештајот се наведува дека популацијата на светот е директно поврзана со одржливиот развој; денес дури 60% од човештвото живее во Азија. Најголем природен прираст има Африка.
Во светот, во просек, се раѓаат 102 мажи, во споредба со 100 жени, а до крајот на векот, и покрај интензивниот раст на популацијата, природниот прираст се очекува да опаѓа секаде низ светот; освен во Европа, каде што веќе е низок.
Најнизок природен прираст во Европа ќе има во 2060-тите години, а од тој момент наталитетот ќе почне полека да се зголемува во однос на морталитетот.