Еден од осомничените за кражбата на мајмунчето од Зоолошката градина во Скопје (С.Н), бил фатен при разбојништво во Кавадарци.
Тој бил приведен под сомнение дека сторил кривично дело „разбојничка кражба“ .
По наредба на судија во претходна постапка извршен бил претрес во неговиот дом во Кавадарци, при што биле пронајдени повеќе предмети кои потекнувале од претходно извршени кривични дела.
Како што и е познато на јавноста С.Н заедно со И.П.А го украдоа мајмунчето Лука од Зоолошка, откако исекоа отвор на мрежата и ја прескокнаа заклучената капија.
Крадците беа приведени веднаш, а откако мајмунчето им беше одземено, двајцата беа пуштени на слобода