Неодамна, на професор од шведскиот универзитет Умеа му го украле лаптопот, на кој имал десетгодишно истражување од кое не направил бекап. Но, неколку дена подоцна, тој добил флеш драјв во коверт, на кој се наоѓале сите податоци.

Заедно со лаптопот, бил украден и USB флеш драјв. Крадецот го испратил истиот во коверт, на домашната адреса од професорот, а на него биле ископирани истражувањето и сите лични податоци што се наоѓале во лаптопот. Овој процес најверојатно му одзел на крадецот неколку часа.
Професорот кој го оставил ранецот со компјутерот зад врата во својот влез, за да не оди до својот стан пред да се симне во пералната, бил изненаден кога се вратил и го немало. Но, сега е среќен што крадецот бил доволно чесен да му го врати најважното нешто што го имал внатре. Професорот што сака да остане анонимен, вели дека овој случај му дава надеж за човештвтото. [Swedish professor rejoices over laptop thief’s memory stick miracle]