Никос Коѕијас, задоволен од поставувањето на таблите што објаснуваат дека спомениците во земјава кои се однесуваат на антиката се однесуваат на хеленската историја и се светско културно и историско наследство, на Твитер сподели фотографија од таблата под „Воинот на коњ“ во Скопје, за уште еднаш да ги потсети Грците на придобивките од Преспанскиот договор.
„Ознака на која пишува дека Александар Велики е грчки херој во историјата на античките Грци денес стои под споменикот на Александар Велики во Скопје. Тоа е уште еден чин на пријателство меѓу народите и удар врз иредентизмот. Одговор на тие што ме прозиваа“, напиша Коѕијас, поранешниот министер за надворешни работи на Грција, кој заедно со Никола Димитров од македонска страна го потпиша Преспанскиот договор на 17 јуни во Нивици.
Σήμερα μπήκε στα Σκόπια κάτω από το άγαλμα του Μεγάλου Αλεξάνδρου η πινακίδα που λέει ότι ο Μ.Αλέξανδρος είναι Έλληνας ήρωας που ανήκει στην ιστορία των αρχαίων Ελλήνων. Πρόκειται για άλλη μια πράξη φιλίας των λαών και χτυπήματος του αλυτρωτισμού. Απάντηση σε όσους με έβρισαν. pic.twitter.com/Kcrupdrf7B
— Nikos Kotzias (@NikosKotzias) August 16, 2019