Костов: Сѐ уште имаме министер, сите денешни шпекулации дека јас ќе бидам новиот се неточни

Директорот на ГОБ „8-ми Септември“ – Христијан Kостов, ги демантира шпекулациите дека ќе го наследи Венко Филипче на министерската позиција, откако „Нетпрес“ објави дека тој ќе биде предлогот на СДСМ за нов министер за здравство.

Во изјава за „Фактор“, Костов потенцира дека Филипче сѐ уште е министер.

„Ние сѐ уште имаме министер и сите денешни шпекулации дека јас ќе бидам министер за здравство се целосно неточни“, вели тој.

- Реклама -