Костадиновски за законското решение за Судскиот и Советот на јавни обвинители: Од важност за правната држава е тоа да биде во согласнот со Уставот

„Сосема е легитимно органите кои имаат уставно овластување и уставна надлежност, како што се Владата, Собранието да ги нормираат општествените односи или веќе норминираните општествени односи, ако увидат слабости, да пристапат кон измени и дополнување на одредени законски решенија. Тоа е легитимно право и уставно овластување на тие органи“, вели претседателот на Уставниот суд

Од исклучителна важност за правната држава е какво било законско решение да биде во согласнот со Уставот. Појдовна точка е лошата перцепција на граѓаните, односно нивната недоверба во правосудниот систем. Ова попладнево во Дневникот на МРТ 1 го изјави претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, одговарајќи на прашањето за предлогот за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, како и за вчерашната изјава на евроамбасадорот Гир дека распуштањето на судскиот и обвинителскиот совет значи мешање во судството, кое ќе предивика сериозна загриженост.

„Сосема е легитимно органите кои имаат уставно овластување и уставна надлежност, како што се Владата, Собранието да ги нормираат општествените односи или веќе норминираните општествени односи, ако увидат слабости, да пристапат кон измени и дополнување на одредени законски решенија. Тоа е легитимно право и уставно овластување на тие органи“,

рече тој.

Она што за него, како претседател на Уставниот суд е важно, не е да ја цени целисходноста на нивната намера, туку дали тоа е во согласност со Уставот.

„Наша надлежност е тоа што ќе се нормира, ако проценат дали во оваа област или во која било друга област дека има потреба од измени и промени да биде во согласт со Уставот. Примарна работа на секој еден граѓанин и институција е да го почитува Уставот. Тоа важи за мене, тоа важи за вас, за Владата и за Собранието. Од исклучителна важност за правната држава е какви било законско решение да биде во согласнот со Уставот“,

вели претседателот на Уставниот суд.

Според него, нема да се случува повеќе да се чуваат предмени, како што рече, дека е точно дека имаат предмети уште од 2017 година.

„Нема потреба од чување за мир во куќа или заради сензибилност, да не се наруши некоја општествена состојба. Силата на нашите аргументи треба да биде доволна за ние да ги одлучуваме предметите и нашите одлуки да бидат почитувани од сите. И тоа е еден од начините за враќање на доверба на граѓаните во правната држава“

рече тој.

Најави дека ќе работи транспаретно, како што рече, дека граѓаните заслужуваат да знаат кои се уставнитее судии, како тие расправаат и одлучуваат, но и дека седниците на Уставниот суд ќе се следат во живо.

„Отвореноста и транспарентноста јас сум убеден дека ќе влијае позитивно на враќање на довербата на граѓаните во судството. Да потсетам Уставниот суд е на врвот на правната пирамида во државата“

рече Костадиновски.

Министерот за правда Игор Филков денеска ги поздрави изјавите на евроамбасадорот Дејвид Гир и амбасадорката на САД, Ангела Агелер изнесени во однос на статусот и функционирањето на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

Министерството за правда информира дека има подготвено нацрт-верзија на Законот за судски совет, кој, како што информираат од правда, експертската група го подготвувала повеќе месеци.

- Реклама -