„Зборот е збор. Градежната офанзива започнува со улицата Ценка Павлова“, соопшти на Фејсбук градоначалникот на Струмица – Коста Костадинов.
„На нашата европска Струмица ѝ доликуваат убави улици и булевари. Токму затоа, ги засукавме ракавите и се зафативме веднаш со ставање втор слој асфалт.
Денеска, започнавме со улицата ‘Ценка Павлова’, а во наредните денови продолжуваме уште на 7 улици во градот“, најави тој.
Во објавата, Костадинов додаде и дека тој и неговите соработници ќе работат секојдневно, дека ги утврдуваат приоритетите и дека ги слушаат граѓаните.
„Имаме голема желба, сила и потенцијал. Знаеме и можеме.
Од срце за најдобрата верзија на нашата Струмица!❤️ “, додаде Костадинов во објавата.