„Веродостојноста на ‘бомбите’ досега неколкукратно и во целост беше потврдена. За тоа потврда е и вештачањето што беше направено во странство, во Германија ако не се лажам“, рече портпаролот и пратеник на СДСМ – Костадин Костадинов, прашан како гледа на сведочењето на Верушевски и дали изнесеното – дека прислушкуваните материјали биле модифицирани, оди во прилог на тоа дека биле „сечени, лепени и монтирани“.
„Сите граѓани и целокупната јавност имаа можност да ги слушнат обвинувањата, да ги слушнат гласовите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, да слушнат за пиштeњeтo, за вpиштeњeтo, за тeгнeњeтo за уши… Тоа е факт. Автентичноста ја потврдија дури и луѓето што беа инволвирани во самите материјали. Дополнително, имајќи ја во предвид приватноста, СДСМ не ги објави приватните разговори, но сите разговори беа предадени во СЈО“, додаде тој.
„Принципиелниот став на СДСМ е да не коментира судски одлуки и тек на судски постапки. Секако, знаеме дека сега сѐ е во рацете на правосудните органи и очекуваме тие постапки да дадат одговори на случајот со незаконското прислушкување во УБК“, рече Костадинов.