Пратеникот и порптарол на СДСМ, Костадин Костадинов пред продолжението на седницата на која треба да се разгледа Законот за Совет на јавни обвинители, ги повика пратениците од сите пратенички групи да го дадат својот глас за Законот за Јавно обвинителство.
Тој не можеше да каже дали власта го има потребното двотретинско мнозинство потребно за донесување на овој закон, ниту кога ќе почне седницата. Само кусо рече дека е отимист оти до чинот на гласање најмалку 80 пратеници ќе го имаат предвид она што е важно и ќе се стават во функција на правото и на правната држава.
-„Не можам да кажам кога ќе се гласа, за текот на седницата одговор треба да даде претседателот на Собранието Талат Џафери. Многу неблагодарно е да кажам дека имаме 80 пратеници врзани во крпче, прво е неколегијално од моја страна, но длабоко сум убеден и сум оптимист до чинот на гласањето ќе го имаме потребното мнозинство и дека со сигурност најмалку 80 пратеници колеги, ќе имаат предвид она што е важно и ќе се стават во функција на правото и на правната држава,“ рече Костадинов.
Пратеникот повика да пратениците да бидат одговорни, да се стават на страната на правдата и да го изгласаат Законот за Јавно обвинителство, зад кој како што кажа, застанале и Европската Унија и САД.
-“Со Законот се гарантира правна разрешница за случаите кои ги отвори СЈО. „Бoмбитe” остануваат докази во случаите на СЈО, покренати до 30.06.2018 година, како што беше предвидено со Законот за СЈО. Нема скриена амнестија, секој ќе одговара согласно Законите. Усвојувањето на Законот за ЈО значи огромен придонес за интегрирањето во европското семејство”, додаде тој.
-„Нема скриена амнестија, секој ќе одговара согласно Законите. Усвојувањето на Законот за ЈО значи огромен придонес за интегрирањето во европското семејство,“ рече Костадинов.
На новинарско прашање кога ќе се гласа за Законот за Јавно обвинителство, тој кажа дека не може да каже точно, но кажа дека е оптимист дека ќе имаат и повеќе од 80 пратеници кои како што истакна, ќе застанеле на страната на правото и правдата.
Извор Фокус