Кошаркарско полуфинале на ЛОИ 2024: Германија-Франција и Србија-САД

По завршувањето на четвртфиналните натпревари на олимпискиот кошаркарски турнир, познати се полуфиналните двојки на Олимписките игри во Париз.

Репрезентацијата на Германија, кој ја совлада селекцијата на Грција 76:63, ќе се сретне со домаќинот Франција, која беше убедлива против селекцијата на Канада совладувајќи ја 82-73 (23-10, 22-19, 16-21, 21-23) и со тоа изборија полуфиналето против светскиот шампион.
Кошаркарите на Србија се пласираа во полуфиналето на Олимписките игри, откако во неизвесен натпревар, после едно продолжение ја совладаа Австралија со 95-90, закажувајќи полуфинале со селекцијата на САД која рутински го совладаа Бразил 122:87 (33:21, 30:15, 31:35, 28:16).
Полуфиналните дуели се закажани за утре 8 август и тоа: Германија – Франција од 17.30 часот, а Србија и САД започнуваат во 21 часот, додека финалето и натпреварот за третото место се на 10 август.

Извор