Кортни Лав го најде и Тупак?

Теоријата која Кортни Лав ја изнесе за исчезнатиот авион во Малезија, започна лавина на интернет па нејзиниот „систем“ на пронаоѓање стана вистински хит.
Повеќе од една недела авионот од Малезија исчезна со 239 патници и членови на екипажот. Иако во негова потрага се експерти, проблематичната ѕвезда и вдовица на Курт Кобејн, на својот Фејсбук објавила интересна теорија за исчезнатиот авион.

Screenshot_2

Се разбира, не требаше долго да помине за нејзините „инструкции“ да станат вистински интернет хит, бидејќи никој не ја сфати сериозно.

Но, нејзиниот цртеж ги поттикна и другите „креативци“ да побараат решенија, па започнаа да се шегуваат дека Кортни Лав го пронашла и раперот Тупак, кој почина во 1996 година.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

Screenshot_3

Освен него, „откриени“ се и други мистерии како на пример што се наоѓа под каучот, или каде се крие Бигфут.

Screenshot_4

Screenshot_5

Screenshot_6

- Реклама -