Едноставен корсет што го истакнува деколтето и лелеаво здолниште со висок струк е безвременска комбинација. Иако овој стил може да се опише како уметнички и хипички, со вистинските модни додатоци може да премине во идеален спој за сечиј стил на облекување.
Ексцентричен вечерен изглед
Кој вели дека лелеавите здолништа и нежните топови се резервирани само за најженствените девојки? Летово додајте им остар печат на романтичните комбинации, со еден од најпопуларните трендови кога се модните додатоци во прашање, светликавите нитни. За почеток, комбинирајте ѓердан со светликави нитни и метални синџири. Додајте прстени и обетки во истиот стил, заедно со метална плик-чанта (црната боја секогаш може да ви донесе моќен изглед) и финиширајте го имиџот со екстремно високи сандали со полна потпетица.
Фестивалски шик
За изглед инспириран од седумдесетите години на минатиот век и исполнет со ведрина и сексапил започнете со винтиџ-чанта со реси и долга рачка. На нозете носете римјанки во гладијаторски стил. Едноставните модни додатоци како ѓердан со привезок или необична нараквица ќе го финишираат изгледот, а не заборавајте да се заштите од сонцето со очила за сонце во ретро-стил. Ако се двоумите која фризура добро ќе прилега со оваа комбинација, тогаш сплетете ја косата во плетенка и ставете трака во хипи-стил.
Корални бои
Иако овие две парчиња се вбројуваат меѓу поризичните кога сакате да изгледате најмодерно, сепак, со вистинските модни додатоци може да постигнете складен изглед. Облечете струкирано сако со кое ќе ја смирите разиграноста на здолништето. Додадете малку боја со смели црвени балетанки и впечатлив ѓердан, а останатите парчиња како чанта или нараквица, нека останат неутрални за да не добиете нападен изглед. [Accessories 101: 3 Ways to Style a Bustier & Skirt]