Коронавирусот на некои површини може да преживее со денови, а во воздухот може да се задржи со часови, покажуваат резултатите од најновото истражување кое го финансирала американската влада, а се објавени во научното списание New England Journal of Medicine (NEJM).
Студијата во чијашто изработка учествувале научниците од американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC), како и од универзитетите UCLA и Принстон, открила дека вирусот кој ја предизвикува болеста наречена Covid-19 има слично ниво на вијабилност (способност за преживувањ надвор од организмот), како и неговиот претходник кој го предизвикуваше Тешкиот акутен респираторен синдром (SARS).
Меѓутоа, имајќи предвид дека SARS-от во 2002 и 2003 година остана на ниво на епидемија, а сегашниот коронавирус Covid-19 брзо се претвори во пандемија, научниците сметаат дека некои други фактори ја објаснуваат оваа разлика, како што е пораширеното пренесување на актуелниот коронавирус меѓу асимптоматските лица.
Научниците притоа утврдиле дека новиот коронавирус на површини од бакар се задржува и до четири часа, на пластика и нерѓосувачки челик два до три дена, а на картон до 24 часа.
Тимот стручњаци во истражувањето користел небулизатор, посебен уред кој осигурува дисперзија на лековите во воздухот, и на тој начин имитира лице коешто кашла или кива. Откриено е дека вирусот се претворил во аеросол, што значи дека неговите честички се задржувале во воздухот речиси три часа.
Оваа студија првпат е објавена минатата седмица на медицинска интернет страница пред службеното објавување и пред рецензијата. Привлече големо внимание на експертите во светот. Но наиде и на критики на дел од научната заедница, кој смета дека податоците за здржувањето на вирусот во воздухот се преценети.
Имени, вирусите претежно се пренесуваат со респиратони капки при кивање или кашлање, и како такви во воздухот се здаржуваат само неколку секунди. Критичарите на споменатата студија прашуваат дали небулизаторот успеал прецизно да го имитира човековото кашлање или кивање.
Но, оние кои ја бранат оваа теза велат дека постојат и други докази кои укажуваат на тоа дека вирусот може да стане аеросол, иако во многу ретки околности.
Споредување со SARS-от
Студијата на кинеските научници, пак, чиишто резултати се објавени минатата седмица и сѐ уште ја чека рецензијата, упатува на тоа дека аеросолизираните капки коиошто може да го содржат коронавирусот се пронајдени во просториите за капење на пациентите во болница во Вухан, бидејќи вирусот се ширел и преку столицата.
Аеросолизираната форма на SARS-от била одговорна за заразата на стотици луѓе во хонконшкиот апартмантски комплекс во 2003 година, кога создржината од канализациските цевки „пробила“ до таванскиот вентилатор.
Стручњаците кои ја спровеле студијата објавена во New England Journal of Medicine, слични тестови изведувале на вурисот на SARS-от, тврдејќи дека двата вируса се однесуваат слично.
Меѓутоа, нивната сличност, кога станува збор за задржувањето во воздухот и на површините, не појаснува зошто пандемијата од Covid-19 зарази досега речиси 200.000 луѓе а резултираше со речиси 8.000 смртни исходи, додека епидемијата од SARS-от зарази околу 8.000 а усмрти околу 800 луѓе.
„Овие податоци укажуваат на тоа дека разликите во епидемиолошките карактеристики на двата вируса најверојатно произлегуваат од другите фактори, вклучително и големото вирусно оптоварување на горните дишни патишта и можноста лицата заразени со вирусот SARS-CoV-2 (стручна ознака) да го шират и пренесуваат вирусот додека состојбата сѐ уште е асиптоматска“, велат научниците.