Денеска потврдија случај на заболена жена од коронавирусот која фино лепо после 2 недели боловање, чим осетила малку подобрување правец в родната ни Македонија во комбе со +20 личности. Таму не била на лекар, ваму одма се пријавила.
Евентуално, мораше да случи, дали ќе беше таа или некој друг патник.
И се случи паника.
Маските поскапеа од 3 на 30 денари, одредени продукти поскапеа, антибактериските гелови и влажни марамици те пречекуваат на сам влез, сапуни, чуда врагови…
Аптеките, продавниците полни, а рафтовите празни.
Вирусот ќе се шири, и евентуално треба и да заврши, но алчноста кај профитерите вечно ќе трае. Продуктите ќе поскапат, а и да се намалат, никогаш нема да бидат онакви какви што биле. Вакцини ќе има и тие ќе чинат… и кој на крајот пати, пак ние!
Во овие денови, не ви треба апсолутно никаво шлаење на непотребни места, патувањата ставете ги на минимум освен ако се неизбежни (башка ни пасоши нема)… вие пцуевте вака-така, а бе све си е по пропис… предвидено е тоа, уште коа се појави во Кина.
Пијте чаеви, топли пијалоци и спојте се така повеќе со семејството гледајќи филмчиња ова-она (за ТВ ќе видиме, нели ќе немало да емитуваат странски и домашни канали, што и да значи), монополче, шахче, не лути се човече, карти… ехее… еден куп ствари за повторно спојување.
Башка, ќе експериментирате со рецепти од она што имате по дома… ехее.. кувар ќе може да напишете.
Колку и да има простор за паника, не паничете. Стравот им е најголем сојузник на профитерите.
п.с. Ако имате викендица некоја на изолирано место, в планина… честитам! Вие сте најсреќната личност во државава! Одете таму и не враќајте се додека не се стабилизира… камо сите да имавме…
За крај, еве неколку совети, препораки за превенција…
Ако ви тече носот и искашлувате кога имате настинка, не може да сте заразени од новиот вид на коронавирусна пневмонија, затоа што коронавирусната пневмонија е сува кашлица без течење на носот.
Ова е наједноставниот начин за идентификација.
Ве молиме, кажете им на пријателите дека доколку имаат повеќе медицинско знаење, ќе имаат и повисока свест за идентификација и превенција.
Вирусот од Вухан не е отпорен на топлина и ќе биде убиен на температура од 26-27 степени. Затоа, пијте повеќе топла вода (чај).
Можете да им кажете на пријателите и роднините да пијат повеќе топла вода (чај) за да го спречат вирусот. Одете на сонце. Неодамна беше студено, а пиењето топла вода (чај) е исто така многу пријатно. Тоа не е лек но е добро за организмот. Пиењето чај е ефикасно за сите вируси.
Обидете се да не пиете мраз, запомнете!
Целата статија тука