Кога бирате хотелско сместување, веројатно често ја земате во предвид и достапноста на Wi-Fi мрежа. Од друга страна, користењето на истата и не е така мудар потег.
Имено, како што потврдуваат од TechRadar, хотелските мрежи по правило се недоволно заштитени и несигурни. Аналитичарите и експертите за безбедност наведуваат дека доволен е и едноставен Wi-Fi адаптер и бесплатен софтвер за некој да може да ја следи и прислушкува сета ваша комуникација преку мобилниот или лап-топот закачен на хотелската мрежа. Хотелите обично не ограничуваат кои страници можат да се посетуваат, не постои сегментација и не користат WPA заштита.
Со други зборови, било кој уред кој ќе се прикачи на хотелската безжична мрежа е и тоа како подложен на хакерски напади, бидејќи податоците кои се праќаат и примаат се во текстуална форма, без заштита. Некои од гигантите на полето на е-безбедноста, како Kaspersky Lab, предупредуваат дека токму од овие причини хотелските мрежи се привлечна мета за сајберкриминалците.
Ситуацијата е сериозна како што звучи. Овие криминалци не ги интересираат вашите мејлови или пораки, ниту вашата историја на пребарување – тие целат кон потполно преземање на онлајн идентитетот на жртвата и пристап до сите (финансиски) ресурси со кои таа располага. Затоа, експертите советуваат да бидете екстра-внимателни и барем да го проверите статусот на firewall-от, лозинката и верзијата/надоградувањата на софтверот. Советот до хотелите, пак, е да користат VPN мрежа, која го енкриптира сообраќајот. Па така, со растот на побарувачката за бесплатна Wi-Fi мрежа, товарот е најголем врз грбот на самите хотели – поквалитетните мрежни решенија се и прилично поскапи.
Во меѓувреме, гледајте да ги избегнувате незаштитените Wi-Fi мрежи, особено ако користите интернет за бизнис и заработка или менаџирање со вашите финансии. Најсигурна алтернатива во таков случај ви е да користите 3G/4G интернет мрежа преку мобилните уреди.