Корисници на нови имејл адреси во Yahoo добивале писма наменети за старите сопственици на тие профили

Во јуни оваа година, Yahoo соопшти дека имаат намера да ги рециклираат имејлите, така што планираат да ги дадат на корисници кои би сакале да ги користат. Адреси и ID броеви на Yahoo, кои се неактивни барем една година требаше да бидат рестартирани, така што ќе можат да се користат од нови сопственици, кои пак од својата страна можеа да ги променат имињата на адресите.

1F81_5243D7C5

Пред околу еден месец компанијата започна да ги информира “среќните добитници„ за нивните нови имејл адреси и определи една цена од $1.99 за оние кои сакаат да се вклучат во таа група, да го следат ослободувањето на адресите и да бидат известувани за тоа. Многу професионалци и критичари сепак негодуваа против предметната мерка, најмногу поради опасноста од инциденти поврзани со личните податоци на луѓето. Од Yahoo сепак не испитуваа какво и да е сомнение дека нешто може да се случи.

Е да де, но сепак се случи.

Некои од новите сопственици добиле пристап до доверливи податоци на претходните сопственици на тие имејл адреси. За такви случаи ни соопштуваат од Information Week. Во почетокот добивале спам, а потоа почнале да добиваат и информации кои откриваат лични податоци на претходните сопственици.

Така на пример, Том Џенкинс – специјалист по IT безбедност, вели дека добил податоци за сметки и доста други работи:

“Можам да добијам пристап до нивниот профил на Pandora, но нема да го направам тоа. Можам да влезам и во нивниот профил на Facebook , ама и тоа нема да го направам. Ги знам нивните имиња, адреси и нивниот телефонски број. Знам каде нивното дете оди на училиште. Ги знам последните четири бројки од нивното социјално осигурување. Знам дека имале час кај очен лекар минатата недела и штотуку бев поканет на свадбата на нивни пријатели “.

Други корисници, пак добиле пораки судските информации и дури информации за погреб.

А од Yahoo очигледно си држат на своето.

“Ние го сметаме за многу сериозно зачувувањето на безбедноста на нашите корисници и  безбедноста на нивните лични податоци. Од една мала група луѓе разбравме дека тие добиле имејли од трети страни, кои биле наменети за старите сопственици на овие имејл адреси„ – објасни Дилан Кејси, менаџер во одделот “Кориснични платформи„ во Yahoo.

Тој додаде дека тие продолжуваат да ги поттикнуваат компаниите да имплементираат систем Require-Recipient-Valid-Since (RRVS). Доколку овој систем е примент од испраќачот, Yahoo може да види дека писмото се испраќа на адреса, кој веќе не се асоцира со сопственикот кон кого е пораката и да го врати на испраќачот, без таа да достигне до сандачето на новиот сопственик.

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -