Корејците измислија нов вид на банкина

rolling guardrail barrier_2

Пред некое време, корејските архитекти дизајнираа нов тип на банкина, која го минимализира импактот на сообраќајните несреќи на автопатиштата. Наместо класичната метална ограда, оваа има и пластични буриња кои слободно ротираат.

Пред сé, оградата е доволно висока и доволно го амортизира ударот за возилото да не може да ја пробие и да излета од патот, евентуално во провалија. Ротирачките буриња дополнително го амортизираат ударот – претворајќи ја силата од ударот во ротациона сила. Намалената излезна сила и ротацијата на бурињата, пак, го насочуваат возилото во предвидениот правец на движење, со што му ја повраќаат контролата на возачот и со што се избегнува можноста дека автомобилот ќе се одбие и ќе има втор удар во банкината од спротивната страна. Притоа, банкината е далеку повидлива од стандардните, а индивидуалните оштетени буриња лесно се заменуваат. Башка и онака имаме премногу пластика на планетава.

https://youtu.be/eNj8XPyAf9o

Ваквите банкини веќе постојат, и се инсталирани на дел од патиштата во неколку земји.

- Реклама -