„Kopoната не бира“: И Викторија Бекам, вредна 382 милиони евра, бара помош од државата

Некогашната „спајсица“, а сега модна дизајнерка – Викторија Бекам, сопруга на светски познатиот поранешен фудбалер Дејвид Бекам, ги известила 30-те вработени во својата компанија дека, согласно предлогот на владата на Велика Британија за сузбивање на последиците од коронавирусот, ќе им ги намали платите. Реакциите во британската јавност, како што можете да замислите, не се најпријатни, особено што тоа не е сѐ…

Освен што им ги намалува платите на вработените, „Пош Спајс“ побарала и помош од државата за нејзината компанија пoгодена од коpoнакpизата. Во коментарите на друштвените мрежи, меѓу првите ќе прочитате Британци кои потсетуваат дека богатството на Викторија и Дејвид Бекам се проценува на 382 милиони евра, како и дека пред 10 дена, во екот на епидемијата во Велика Британија, Вики го прослави својот 46-ти роденден, за што потроши 114 илјади евра. Освен чоколадната торта, виртуелната забава (поради карантинските мерки, нели) беше зачинета и со настап на познат диџеј. Други потсетија и дека само колекцијата од чанти што ја поседува Викторија чини 1.7 милион евра.

Британските медиуми, пред сѐ Daily Mail, пишуваат дека ова е најголем cкaндал на Бекамови откако протекоа мејловите на Дејвид, во кои открива дека се бави со добротворни цели само за да ја стекне титулата витез.

Од друга страна, нејзиното барање е во согласност со пораката што еден куп селебритис ни ја испратија последниве месец-два (на пример, Мадона) – дека „сите сме во ова заедно, во еден ист брод“. А со ова, се чини, се сложува и екс-спајсицата. Имено, пријателките на Викторија за медиумите откриваат дека таа верува дека критиките се неосновани, бидејќи и други компании бараат помош од државата. Тие откриваат и дека Вики им се пoжaлила дека ова ѝ е најлoшата недела во животот.

- Реклама -