Данците постојано се во потрага по решенија за подобрување и олеснување на движењето со велосипед, па мостот на Dissing Weitling е дел од таа низа.
Долг 235 метри, мостот со упадлива портокалова боја се протега над пристаништето Хавнехолмен и околу шопинг центарот Фискеторвет, овозможувајќи им на велосипедистите слободно да се движат. Имено, таа рута инаку би била проблематична за велосипедистите, како поради бројните пешаци, така и поради столбовите и острите свиоци.
Самите пешаци исто така беа изожени на непотребни опасности поради велосипедистите. Затоа архитектонското студио Dissing Weitling даде навистина извонреден предлог – подолг мост кој целосно ги одвојува пешаците од велосипедистите. На велосипедистите возењето по мостот им е удобно, можат побрзо да се движат, а самиот мост претставува и покрив за пешаците кој може добро да им дојде кога времето е лошо.
Самиот мост е напревен од челик, изгледа многу елегантно, а површината е обоена со светлопортокалова боја. Со вграденото осветлување мостот навечер претставува и сјаен визуелен елемент и украс на градот.