Денешниот празничен ден, традиционално започна со „Коледе“ и поздравот од најмладите.
За таа цел побаравме неколку интересни коледарски песни од различни краишта од земјава. Меѓу нив има и такви што ги пеат децата, но и возрасните за време на игрите околу огнот.
Обичаите и игрите под маски што се изведуваат во дванаесетте некрстени денови од Божиќ до Богојавление речиси секогаш се проследени и со пеење и рецитирање песни. Песните се сврзани за еротските елементи што асоцираат на плодноста, а имаат за цел да предизвикаат оргијастички расположенија кај маскиранатата група.
Песните се пеат околу огнот пред да почнат игрите под маски и за цело времетраење на игрите. Уживајте во традицијата.
Коледе, леде!
паднало греде,
утепало деде.
Деде се мачи,
баба го квачи,
за четири јајца
гускини, паткини, шаткини!
О,коледе ледее!
Денеска е Бадник, утре е Божиќ,
ќе колеме теле, теле вика лелее,
не колете мене, ќе ви дадам зеље,
да правите пита, да јадеме сите.
Коледе ледеее.
* * * * * * * * * * * *
Отворете господари, идат млади коледари, коледари збираат пари. Коледее!
* * * * * * * * * * * *
Коледица, меледица
и по неа Василица
еднаш ми е во година
како цвеќе во градина.
Коледе бабо Коледе
дај ми едно костенче
едното за мене
другото за другарчето.
* * * * * * * * * * * *
Коледе баба коледа,
месила баба два леба,
едниот печем препечен,
другиот киснат прекиснат.
ехеее Коледеее
* * * * * * * * * * * *
Коледица варварица, сива, сивца гулабица.
Долетала од планина, и донесла убавина.
* * * * * * * * * * * *
О о о, Коледе
дедо седи на копа
баба седи под копа
Дедо падна од копа
На баба и го закопа
Оди дедо по пољани
Баба трчи по него
Дај ми дедо од него
Ја не можам без него
Дедо оти дремиш
оти куре носиш и крај пички постиш?
Курот беше здраф
Дури си беф млад.
* * * * * * * * * * * *
Кооој спие ,нека стане,
нека меси колачиња,
колачиња за дечиња,
ако нема колачиња,
нека има оревчиња,
ако нема оревчиња,
нека има динарчиња,
ако нема динарчиња,
ако нема ……
џамо на парчиња!!!