Конзервираната туна е добра за нашето здравје, но има потенцијални несакани ефекти од претерано консумирање

Рибата е полна со корисни витамини и хранливи материи, но дали конзервираната туна е здрава или е премногу ризична за јадење?

Туната е хранлив извор на посни протеини
Конзервираната туна е хранлив извор со малку маснотии на посни протеини и омега-3 масни киселини. Богата е со витамини и минерали, а може да се користи во салати, сендвичи, јадења со тестенини и разни други оброци, па така тоа ја прави практична и здрава храна.
Конзервираната туна е богата со протеини и содржи голем број на макронутриенти. Во туната можете да најдете железо, селен, јод, ниацин (витамин Б3), фолна киселина (витамин Б9) и витамин Б12.
Туната е богата со протеини
Една од главните предности на конзервирана туна е тоа што можете да го зголемите внесот на протеини на достапен и едноставен начин.
Туната исто така се смета за извор на целосни протеини, што значи дека ги содржи сите девет есенцијални амино киселини.
Содржи омега-3 масни киселини
Како и многу други видови риби и морски плодови, конзервираната туна е богата со омега-3 масни киселини, а овој здрав тип на масти има долга листа на потенцијални придобивки.
Бројни студии имаат покажано дека консумирањето омега-3 масни киселини во исхраната може да помогне при симптоми на депресија и општото расположение, како и да помогне во забавување на когнитивниот пад поврзан со стареењето.
Неодамнешни истражувања, исто така, заклучиле дека омега-3 масните киселини можат да помогнат во кардиоваскуларното здравје со намалување на холестеролот, намалување на згрутчувањето на крвта и намалување на воспалението.
Конзервираната туна е нискокалорична
Туната е одличен извор на протеини за луѓето кои внимаваат на нивниот внес на калории бидејќи има помалку калории од многу други животински извори на протеини.
На пример, една порција стек од 85 грама содржи околу 230 калории, а една порција пилешки батаци околу 200 калории. Една порција конзервирана туна содржи помалку од 100 калории, а содржи и 20 грама протеини.
Богата е со витамини и минерали
Конзервирана туна е полна со корисни витамини и минерали. На пример, туната содржи голем број на витамини од групата Б, како што се Б3 (ниацин), Б9 (фолати) и Б12.
Овие витамини можат да помогнат да се обезбеди енергија, да се метаболизираат протеините, да се формира ДНК и да се помогне во целокупната функција на мозокот.
Конзервираната туна е богата и со селен, минерал кој помага да се зголеми производството на бели крвни зрнца. Ова може да го подобри здравјето на срцето, имунитетот и мозокот.
Потенцијални несакани ефекти
Најголемиот проблем со конзервираната туна е зголемената количина на натриум.
Конзумирањето големи количини на натриум еднаш во некое време не треба да има премногу влијание врз вашето здравје, но постојаното консумирање натриум може да доведе до висок крвен притисок и кардиоваскуларни проблеми.
Препорачаната дневна доза е 2300 милиграми натриум, па ако консумирате премногу конзервирана туна, лесно можете да ја надминете дневната граница.
Прекумерна количина на масти
Конзервираната туна доаѓа во вода или масло, и иако мрсните сорти имаат посилен вкус и повлажна текстура, тие често може да содржат премногу маснотии за една порција.
Просечна конзерва туна содржи 10 грама маслиново масло, кое иако е здраво за срцето, може да придонесе за прекумерно внесување масти во еден ден.
Како безбедно да консумирате конзервирана туна?
Најважниот совет е умереноста. Експертите препорачуваат неделниот внес на конзервирана туна да не надминува од две до три конзерви.

Извор