Контроверзни цртани филмови

south_parkЦртаните филмови можат да предизвикаат скандали и да ја навредат јавноста, а добар пример за тоа е неодамнешната реакција на исламистите на појавувањето на Мухамед во 200-тата јубилејна епизода на South Park. Еве неколку цртани филмови кои исто така се покажале oпасни и предизвикале лавина реакции, навредувајќи ги црнците, Бразилците, Мексиканците и Сара Палин.


Цртаните филмови можат да предизвикаат скандали и да ја навредат јавноста, а добар пример за тоа е неодамнешната реакција на исламистите на појавувањето на Мухамед во 200-тата јубилејна епизода на South Park. Еве неколку цртани филмови кои исто така се покажале oпасни и предизвикале лавина реакции, навредувајќи ги црнците, Бразилците, Мексиканците и Сара Палин.

1.Looney Tunes

Многу од старите добри цртани филмови беа обвинети за расизам, па веќе не се емитуваат на телевизија. Таков беше случајот и со епизодата „All this and Rabbit Stew“ од 1944 во која е прикажан стереотипно карикиран црнец, па во денешното време на политичка коректност повеќе не се прикажува.

{youtube}3P5jyyxCgIo&{/youtube}

2.Family Guy
family_guy

Во една епизода, лик со Даунов синдром вели дека мајка му е поранешна гувернерка на Аљаска. Очигледната алузија ја налути поранешната гувернерка Сара Палин која има син со наведениот синдром, но авторите на Family Guy не се извинија за тоа што го направиле. Една од актерките од Family Guy, Andrea Fay Friedman, во електронското писмо до новинарите изјави дека „гувернерката Палин нема смисла за хумор“ и дека „го влечка својот син наоколу за да предизвика симпатии и да собира гласови.“

3. Симпсонови

Што се случува со Симпсонови кога ќе го посетат Бразил? Хомер го киднапираат, останатите ги ограбуваат, а Барт го гледа детското шоу „Teleboobies“ преполно со разголени Бразилки. Туристичката заедница се закани дека ќе поднесе тужба, а извршниот продуцент Џејмс Брукс се извини и објави дека, ако треба, Хомер Симпсон ќе го повика бразилскиот претседател на Celebrity Boxing.

{youtube}invBjPmY8iE&{/youtube}

4. Покемон
pokemon

Овој цртан филм се покажа навистина опасен – баш заради него речиси 700 деца завршија во болница. Проблемот беше што во една од епизодите околу пет секунди трепереле сини и црвени светла. Подоцна овој цртан филм беше преработен за да се избегнат слични инциденти во иднина.

5.Speedy Gonzales
speedy

Главниот јунак е позитивец, но сите негови мексички сонародници се мрзливи пијаници. Веројатно тоа беше причината што беше прекинато неговото емитување во 1999 година, но подоцна латиноамериканските асоцијации покренаа своја иницијатива и го вратија Спиди! Ако ним не им смета – тогаш сите можеме да гледаме!

- Реклама -