Со порастот на температурите расте и потребата од користење дезодоранси за спречување или намалување на потењето. Но, на телото треба да му дозволите одредена доза на потење за природно да се разлади и да ги исфрли штетните материи од организмот.
Климатизерите ни овозможија што е можно поретко да ја почувствуваме топлината, но тие мора да се користат рационално и со мера за да не доживееме шок од големи промени на температурите.
Ако имате проблеми со обилно или недоволно потење има решение – чај од жалфија.
Жалфијата е „женска билка“ и затоа се вели таму каде што расте жалфија, владее жена. Нејзиниот женски карактер се препознава во благотворното делување на женските проблеми како менструални грчеви, уринарни инфекции како и на последиците од менопауза.
Освен на здравјето, чајот од жалфија делува и на убавината така што ја јакне косата и и дава сјај, а едно од нејзините најпрепознатливи својства е регулирање на потењето.
Кај прекумерното потење помага појак чај. Три лажици листови од жалфија прелијте ги со една шолја извриена вода. Оставете да отстои десетина минути и испијте го топол или оладен. Во текот на денот испијте до литар чај.
Доколку не се потите, подгответе послаб чај со барем половина количина од горенаведеното и конзумирајте го на ист начин како јакиот чај.
Чајот од жалфија не им се препорачува на трудници, доилки (поради можноста од послабо лачење на млеко) и на личности склони на епилептични напади.
И покрај големите топлини, обидете се да ја зголемите температурата на климатизерот, испијте чај од жалфија и дозволете му на телото само и природно да се прилагоди на долгото топло лето.