Конте не смее да го води Јувентус ниту во Лигата на шампионите

ФИФА ја потврди суспензијата на Антонио Конте и за настапите во Лигата на шампионите, што значи дека Јувентус ќе мора да го води друг тренер.

Тој тренер ќе биде Масимо Карера, кој е назначен за „интервентен“ стратег кој ќе седи на клупата, а всушност ќе ги спроведува замислите токму на Конте.

Конте ќе смее да раководи со тренинзите на „Старата дама“, но нема да смее да седи на клупата, ниту во ВИП ложата на натпреварите од елитното фудбалско натпреварување.

Конте доби суспензија, затоа што како тренер на Сиена во Серија Б бил дел од наместени натпревари, знаел за нив и не ја известил јавноста и надлежните структури.

- Реклама -