Kонкурс за фотографии „Сo љубов од Битола″

Центарот за европски развој и интеграција од Битола во партнерство со НУ Центар за култура Битола објавува конкурс за фотографии за 12-тото  издание на изложбата „Сo љубов од Битола.″

Конкурсот е отворен дп 18 август ,а наградниот фонд изнесува 4.000 денари за првонаградената фотографија, 3.000 денари за второнаградената и 2.000 денари за третонаградената фотографија на конкурсот.

Право на учество имаат сите љубители на фотографијата- аматери и професионалци.
Тема на конкурсот е „Модерните архитектонски симболи на Битола.“
Фотoграфиите треба да се фокусираат на битолската архитектура која датира од периодот од 1950-та па до денс . Задачата ќе биде на креативен начин да се направи фотографско сведоштво на објектите и инфраструктурата со датум на изградба после 1950-тата кои со својт дизајн и изглед се своевидни симболи на модерната Битоласка архитектура.

Прочитајте и:  „Colors of Macedonia“ вечерва на платото пред Офицерскиот дом во Битола
- Реклама -