Коњ со мустаќи и прасица со локни

Повеќе... И во светот на животните се на цена добрите мустаќи и добрата фризура.


И во светот на животните се на цена добрите мустаќи и добрата фризура.

ned_1391874f.jpg

Земете го на пр. Алфи, 10 годишен коњ, кој е горд на своите мустаќи. Толку горд што е спремен да ја дувне кога ќе насети дека се зборува за тоа дека неговата сопственичка планира да го „носи на бербер“. Па нормално, кога ќе се земе во предвид колку се ретка појава мустаќите кај коњите. Всушност, само фризиските коњи ја имаат честа да пораснат такви ала Салвадор Дали мустаќи, а Алфи е еден горд фризиски коњ.

article-1174007-04b01b6d000005dc-992_634x390.jpg

Кога сме кај добрите локни, секоја овчичка ќе и позавиди на младата свиња Елизабет (најмногу заради фактот што неа никој не ја стриже). Елизабет е кралица во нејзиниот вид на ретки австралиски свињи, кои ја имаат честа да носат такво раскошно крзно со златна боја.

article-1174007-04b18e78000005dc-407_634x484.jpg

- Реклама -