Деновите на потрага по вистинскиот полнач за мобилниот телефон завршија. Водечките компании склучија договор за производство на мобилни телефони кои ќе одговараат на стандардите на еден универзален полнач од следната година.
Деновите на потрага по вистинскиот полнач за мобилниот телефонзавршија. Водечките компании склучија договор за производство намобилни телефони кои ќе одговараат на стандардите на еден универзаленполнач од следната година.
Меѓу компаниите кои го потпишаа протоколот за воведување единствени стандарди на приклучните делови се гигантите Apple, Nokia, Sony Ericsson, Motorola, LG, NEC, Samsung, Texas Instruments, Qualcomm и BlackBerry. Првата генерација на мобилни телефони кои ќе ја користат истата Micro-USB конекција ќе бидат пуштени во продажба идната година.
Ваквиот потег следи после притисокот на Комисијата на ЕУ за воведување единствени стандарди со што би се поедноставил животот на корисниците на мобилни телефони кои во иднина ќе можат да ги полнат истите секаде каде имаат потреба за тоа, а исто така тоа ќе допринесе и за намалување на електронскиот отпад бидејќи луѓето нема да ги фрлаат старите полначи кога ќе купат нов мобилен телефон. [At last! Age of the universal phone charger dawns]