По повеќе од месец дена се шират шпекулации кој ќе се најде на познатите столчиња, а сега конечно на јавноста им се достапни имињата на членовите на жирито.
По големата мистерија кој ќе се најде во улога на судија во познатата емисија „X Factor“, сега ги дознаваме официјалната листа на имиња.
Таму во следните неколку месеци како членови на жирито ќе ги гледаме Емина Јаховиќ, Јелена Рогоза, Владо Георгиев и Златан Стипишиќ Џибони.
Тие во следниот период ќе оценуваат, но и ќе бидат ментори на младите кандидати од пет земји од поранешна Југославија. Емисијата ќе започне на 22-ри март.
Продукцијата не сакала да одговори зошто токму тие имиња ја добиле шансата да одлучуваат за судбината на младите пејачи, но мислиме дека ќе завршат добра работа (а од Емина очекуваме нова тура солзи).