Конечно, раздвижување на модната сцена во нов правец

Олгица Ѓоргиева, суптилна по природа, но со драматичен дизајнерски сензибилитет воведе нова, карактерно и стилски, до сега невидена бизнис колекција со наслов Unrestricted.  Линијата е богата со дневни и вечерни фустани, панталони, кошули и здолништа кои се истовремено женствени и силни. Токму, како што се и жените за кои е наменета колекцијата. Силата и нежноста на жените од деловниот свет се инспирацијата за оваа колекција.

1489245_10202759161679586_1912451854_n

Исто како и колекцијата, така и начинот на промоција беше необичен. Инспирациите на Олгица се 10 маркатни жени од македонскиот деловен свет, кои несебично со својата индивидуална харизма придонесоа за автентично пренесувањето на пораката на оваа колекција. Моделите беа во живо претставени преку деловните жени – инспирации на модниот бизнис настан оддржан вчера (13.12) во Меморијалниот центар Никола Кљусев. Анета Пешева, Марта Н. Грнарова, Славица Николовска, Билјана Трендафилова, Билјана Трајковска, Билјана Зафирова, Љупка Наумовска, Ли Вебер, Снежана Лупевска и самата дизајнерка Олгица Ѓоргиева беа ,,моделите,, од реалноста во кампањата и настанот.

1012826_10202759161839590_56735468_n

,,Овие парчиња се наменети за жените со дефиниран вкус и став за животот. Купувачите на оваа колекција знаат точно што сакаат и не се плашат тоа да го истакнат,, изјави Олгица на вчерашниот настан.

Настан предивика вистинско воодушевување кај присутните, пред се поради уникатноста на моделите, но и од приказот на леснотијата во носењето. Незвисно од своите ,,нормални,, пропорции, сите се најдоа себеси во дел од парчињата на колекцијата.

1391761_10202759161599584_1691917242_n (1)

Никој не остана рамнодушен и на најавената донација по повод престојните Новогодишни празници. Имено, од продажбата на самиот настан, значителен процент од сумата ќе биде дониран за набавка на играчки наменети за дечињата на Детска онкологија на Државната клиника.
Настанот беше поддржан од страна на Макпрогрес Виница, Винарија Трајковски, Nescafe, а прекрасните фотографии од фотосесијата на дамите кои ја претставија колекцијата се дело на Ани и Дими.Оние што го пропуштија настанот се добредојдени во ателјето на Олгица да ги пробаат моделите од новата колекција.

- Реклама -