Конечно, пропорционална мапа на Земјата

NewWorldMap_web_1024[1]

Веќе знаеме дека повеќето мапи на светот не се потполно прецизни. За почеток, Африка е многу поголема отколку што изгледа, а Гренланд не е ни близу толку голем.

Сега конечно се појави човек што направи мапа која е толку прецизна што може да му парира на глобусот, и е веројатно една од најдобрите проценки на реалната големина на земјите. Јапонец е.

Дизајнот на архитектот и уметник Хаџиме Нарукава, наречен AuthaGraph, е толку добар, што само што го доби најголемото дизајн признание во Јапонија – Good Design Award. Мапата изгледа многу чудна на прв поглед – со фокус на Азија наместо на Северна Америка, но е всушност една од најпропорционалните мапи што ги имаме.

Authagraph1[1]

Тоа е така затоа што да се создаде прецизна рамна мапа од сферична планета е извонредно тешко. Мапата што сте навикнати да ја гледате уште од училишните денови и во атласите, е позната како Меркатор проекција, и прв пат беше презентирана од фламанскиот географ и картограф – Герард Меркатор во 1569-та. Мапата на Меркатор е добра во тоа да ги смести земјите на дводимензионален лист, и е одлична за океанска навигација. Но сето тоа е постигнато на сметка на точноста и пропорционалноста на земјите – проекцијата на Меркатор прави земјите поблиску до половите да изгледаат многу поголеми отколку што навистина се. На пример, Гренланд изгледа отприлика колку Африка на повеќето мапи, а вистината е дека африканскиот континент има 14 пати повеќе копно.

Новиот AuthaGraph дизајн е создаден со цел да се поправи тој проблем, а тоа е постигнато со поделба на земјината топка на 96 еднакви региони, чии димензии потоа се пренесени од топка на тетрахедрон, по што е создадена финалната мапа. Преземајќи неколку чекори за да стигне од заоблена сфера до рамна мапа, Нарукава успева да ја одржи точната пропорција меѓу копното и водата.

Authagraph2[1]

И оваа нова мапа не е перфектна – со оглед на тоа дека север не е баш на врвот, може да не е најдобра за навигација. Ама е прилично блиску.

„The map [needs] a further step to increase a number of subdivision for improving its accuracy to be officially called an area-equal map“, се вели во описот на Good Design Award.

Копија (и повеќе детали) можете да си набавите ТУКА.

- Реклама -