Kонечно ја кажа вистината: Во Турција животот ми беше во опасност!

Хурем, од турската серија Величествениот ја шокираше јавноста кога одеднаш ја напушти серијата и избега во Германија.Медиумите шпекулираа дека причините за тоа се депресија, бременост и што ли уште не. Конечно актерката Мерјем Узерли го даде долгоочекуваниот одговор. Таа вели дека доколку останела би го уништила својот живот.

– Морав да заминам од Турција. Се обидов да скокнам од тераса и направив многу грешки… Си зададов напорно темпо, работев како машина и по цели ноќи учев текстови. Мојот живот стана серијата и Хурем – вели атрактивната актерка.

Таа додала и дека никогаш нема да му се врати на поранешниот свршеник, но  се надева дека еден ден ќе може да му прости зашто ја напуштил.

Прочитајте и:  Турски извори демантираат дека канцеларијата на Хамас се префрлила во Турција

Во послесдната сезона од серијата се појави нова актерка која го заменува нејзиниот лик, но Турција и Блаканот се уште не можат да ја преболат неа. Се прослави како Хурем, па веројатно тоа и ќе остане само таа, до крајот на снимањата.

- Реклама -