– Резултатот на последната „Евровизија“ беше капка која ја прели чашата.
Треба да го напуштиме тоа натпреварување, не смееме веќе да трпиме лудило, изјави рускиот пратеник Верериј Рачкин, кој инсистира Русија да започне паралелен натпревар кој би се викал „Гласот на Евроазија“.
После победата на Кончита Вурст, русите одлучиле да предложат креирање на сопствена верзија на овој натпревар.
Со Рачкин се согласил и неговиот колега Олег Нилов.
– Ним не им се допаѓаат нашите девојки, бидејќи немаат брада, Тие не ја сакаат нашата песна.
Да потсетиме Турција исто така организираше свој вид на Евровизија, со името „Турковизија“.
Инаку, руската православна црква ја оцени победата на транвеститот како уште еден чекор кон отфрлањето на христијанскиот идентитет на европската култура.
Стотина корисници на интернет во Русија протестираа поради победата на Кончита, објавувајќи фотографии на Инстаграм на кои ја бричат својата брада.
– Избричи ја и ти својата брада, во знак на протест, беше една од пораките на социјалните мрежи.
Што му порача Кончита на Путин?
Запрашана дали има нешто да му порача на рускиот претседател Владимир Путин, кој минатата година воведе закон кој забранува геј пропагнада, Кончита одговорила:
„Не знам дали тој сега ова го гледа, но доколку го гледа му порачувам дека сме незапирливи.“