Една од поплаките кои ги слушаме за концепт верзиите на претстојните телефони е тоа што тие не се базирани на вистинска технологија, но сепак очигледно е дека се може да стане реалност. Тоа е случајот со новата концепт верзија за Apple iPhone 6 направена од страна на дизајнерот Pritesh Chavan. Неговата верзија за Apple iPhone 6 користи флексибилен екран кој го трансформира iPhone од 4.2 инчи во фаблет од 5.8 инчи и таблет од 7.5 инчи.
Бидејќи флексибилните компоненти кои се потребни за да се направи концептот да работи се уште не се достапни, ова е само сон сега за сега. Но, сепак нема да бидеме изненадени да го видиме овој концепт достапен за одредено време во иднината.
Текстот е објавен во соработка со Telefoni.Mk.