Истражувањето во кое учествувале повеќе од 2500 луѓе покажало дека поголемиот дел од слободното време пред компјутер го поминуваат 35% од испитаниците. Причината е повеќе од очигледна – Интернетот станува главен начин на барање и пронаоѓање информации од секаков вид.
„Јас сум пред компјутер“ всушност е синоним за „онлајн“ на социјалните мрежи, сметаат 76% од луѓето кои учествувале во истражувањето.
Експертите утврдиле дека поголемиот број од испитаниците седењето на социјалните мрежи го користат за комуникација со најблиските – 19%, додека 13% повеќе комуницираат со пријателите поради што компјутерот станува еден вид член – посредник во семејството.
Поразителен е фактот дека родителите не им забрануваат на своите деца да се социјализираат преку Интернетот. Сепак, добро е тоа што 22% од родителите заедно го поминуваат времето со своите деца гледајќи филмови или барајќи информации на Интернет, сметаат психолозите.
На Интернет, во слободното време најчесто се бара интересна содржина за забава – сметаат 23%, а потоа се работи за вистинска потреба од корисна информација – 15% од испитаниците.
Втора по значење е можноста да се работи со документи, а потоа и да се дистрибуираат фотографии на брз и едноставен начин.